Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За викендот делови од градот останаа без вода за пиење или ја имаа со намален притисок. Според надлежните во ЈП „Водовод„, недостатокот на вода бил предизвикан од намалените количества на испорачана вода од Липковските брани до Филтер станицата.
Водостопанство „Кумановско-липковско поле„ наместо 200 л/с ни испорачуваше 158 л/с, почнувајќи од петокот попладне, па до недела навечер. По интервенција на екипите на „Водовод„ и „Водостопанство„, состојбата се нормализираше синоќа по 21 часот- вели директорот Виктор Божиновски.
Тој не сака да ги наведе причините за намалениот дотур на вода, но се надева дека во иднина во интерес на граѓаните проблемот нема да се повтори.
Од Водостопанство не е немелен дотурот на вода и не знаеме каде е проблемот на Водовод. Кога заеднички екипи изгегоа на терен испадна дека има доволни количина на вода.. Секогаш кога ЈП „Водовод„ треба да го плати заостанатиот долг се појавува недостиг на вода - вели Дејан Божиновски директор на Водостопанство.
Двајцата директори се надеваат дека наскоро ќе се најде компромисно решение и за проблемот со цената на водата, која е генератот на недоразбирањата помеѓу двете водоснабдителните претпријатија.
Блиску сме до потпишување на договорот и превземање на одредени обврски за цената и испорачаните количини на вода.Преговорите се одвиваат под медијаторство на Министерството за шумарство и водостопанство и Управата на водостопанство и сметам дека за кус период ќе најдеме зедничко решение- смета Божиновски.