Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
1 Март е Mеѓународен ден на цивилната заштита, осведочена и докажана организација во многу земји во светот за заштита и спасување на луѓето и материјалните добра на луѓето од воени разурнувања и природни непогоди и други несреќи.
Во Република Македонија, работите во областа на заштитата и спасувањето,односно Цивилната заштита,ги извршува Дирекцијата за заштита и спасување.
Дирекцијата своите обврски ги извршува на повеќе полиња, пред се во подготвувањето и изработката на законски и подзаконски акти од оваа област, изработка и спроведување на Процени и Планови за заштита и спасување на ниво на држава и на ниво на подрачни единици, но и во пружање стручна помош на изработка на планските документи на општините,трговските друштва,јавните и други претпријатија и служби,инспекциски надзор над спроведувањето на мерките за заштита и спасување и друго. Покрај наведеното, Дирекцијата е активна и на полето каде е и нејзината основна и најважна задача-учеството во акциите за заштита и спасување во услови на природни и други непогоди,како во државата,така и во странство.Припадниците на Дирекцијата успешно ги извршуваат своите задачи во гаснењето на многубројните шумски и други пожари,расчистување речни корита заради спречување поплави,собирање и уништување неексплодирани убојни средства и др. Притоа добра соработка имаме со другите државните органи и Општините.