×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се одбележува Недела против расизам

    25.10.2011 13:05 | KumanovoNews

     По повод „Неделата против расизмот“, Национален Ромски Центар во соработка со FARE мрежата, денеска на Градскиот плоштад  организираше промоција на кампањата  за намалување на стереотипите и дискриминацијата.

    Се одбележува Недела против расизам

    На учениците од основните и средни училишта од сите националности им беа поделени маички, фудбалски топки и памфлети со пораки за борба против расизам во спортот.

    НРЦ шеста година по ред се вклучува во обележувањето на неделата против расизмат во фудбал. Главната цел на оваа активност е младите да се запознаат колку постои расизмот во спортот, што можат тие да сторат за да се намали и целосно да се искорени.До минатата година организиравме и фудбалски натпревари, но оваа година е посимболично одбележувањето. Главната порака е да бидеме отворени кон светот, да не се водиме од стереотипи и предрасуди, бидејќи сите сме луѓе и нашата крв е со иста боја- вели Киро Бојковски, координатор на Фаре активностите во НРЦ.

     Тој вели дека кај нас особено е присутно нетрпеливоста и насилството на навивачите на фудбалските натпревари, кое мора да се искорени заради развојот на спортот.