Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
И покрај протестите на граѓаните, уште никој јавно не се огласи, ниту пак вети намалување на цената на струјата.
На Градскиот плоштад се собраа незадоволните кумановци меѓу кои најбројни беа стечајците.
Ги има промотори и преговарачи за дневница, за големи плати. Зошто не не примат во НАТО и ЕУ? Никој не сака ваков сиромашен народ. Власта нека погледне во очите на овој беден народ и нека се засрами - вели стечаец.
Граѓаните кои излегоа на протест со транспаренти маршираа низ градските улици и повторно се вратија на плоштадот. Топлата се движеше по улиците “Гоце Делчев“, “3 МУБ“ и “Народна револуција“. Меѓу присутните имаше и такви кои тврдат дека ЕВН работи со загуби, па лошото работење мора да го покрие со поскапување на електричната енергија.
Со кои пари да плаќаме? Јас и сопругот сме стечајци, а децата ни се невработени. Срамота е ова што државата го прави. Има разлика за истите киловати лани, па сега - рече стечајка.
Протестите продолжуваат и наредниот вторник.