Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ денеска се оддржа обука за е - даноци.
На учесниците им беше посочено дека до крајот на годинава сите даночни обврзници кои изготвуваат даночни извештаи и биланси треба да бидат регистрирани во системот е - даноци.
Досега регистрација извршија месечните и тримесечните ДДВ обврзници, а согласно закон до 31 декември 2013 година треба да се вклучат и годишните ДДВ обврзници. Со регистрација во системот на е - даноци се врши електронско поднесување на пријави. Обуки на оваа тема имаше неколкупати лани и годината пред тоа - вели Стефан Симоновски, самостоен даночен советник во УЈП.
На обуката присуствуваа вработени во сметководствени и книговодствени бироа и самостојни вршители на дејност.
(фото архива)