Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Регионалната канцеларија на здружението на новинари денеска во Општина Куманово, одржа комеморативна седница за новинарката Биљана Липковска- Крестевска, која ненедејно почина пред два дена.
За живот и делото на Липковска зборуваше нејзината колешка Гордана Митковска.
Биљана беше посветена на новинарството, беше хроничар на животот во Куманово. Секогаш брзаше да стигне навреме, да не пропушти ниту еден настан, и да биде вистински професионалец. Ненадејното згаснување на уште едно новинарско име потврди дека новинарството е една од најтешките и најстресни професии, во која човекот се дава целиот себеси, како што тоа го правеше Биљана - истакна на комеморацијата Милковска.
Биљана Липковска - Крстевска е родена на 21 јануари 1957 година во Куманово. Потекнува од старото кумановско семејство Липковски. По завршување на гимназијата и Факултетот по новинарство, професионалната кариера ја гради како дописник од Куманово во весниците: „Нова Македонија„ и „Македонија денес„, радио „Канал 77„ и Телевизија Сител. Пред неколку години го отвори порталот „Хроника„ кој го уредуваше и водеше, каде што ја затекна смртта.
На комеморацијата присуствуваше градоначалникот, советници од Советот на Општина Куманово, политичари и нејзините колеги.