×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се одржа Режановска празијада

    08.11.2014 14:24 | KumanovoNews

    Во село Режановце денеска се дегустираа пити, колачи, режановска муќканица и други специјалитети од праз подготвени од вредните домаќинки од селото.

    Се одржа Режановска празијада

    Во дворот на црквата „Јован Опсечен“ се одржа четвртата по ред манифестација „Празијада 2014“, во организација на месна заедница од село Режановце , а под покровителство на општина Куманово. Оваа културно - стопанска манифестација има за цел да го промовира празот како здрава храна. „Празијада 2014“ ја отвори градоначалникот Зоран Дамјановски кој потсети дека Режановце е препознатливо по производство на праз.

    „Празијада“ во Режановце веќе стана традиција. Овој производ е многу значаен, а пред се има  многу хранливи состојки. Празот е една од многу значајните состојки во нашата кујна. Затоа оваа манифестација нека ни е вечна. Денеска гледам многу голем број на луѓе, од регионот, од селото, а има и доста гости. Мислам дека ова ќе биде вовед во нешто поголемо во наредниот период, може да го направиме неколку дневно како саемска манифестација - изјави Дамјановски.

    Организаторот Трајан Димковски, претседател на месна заедница во село Режановце, истакна дека десетина домаќинства во селото произведуваат поголема количина на праз.

    Овој регион со дел од општината Липково, ова е познато подрачје каде што празот како градинарска култура успева. Но, оваа година најверојатно поради климатските услови кои ги имаме, празот е со послаб квалитет, помал праз и тоа може да се види на пазарите. Генерално на сите култури, временските услови така влијаеја - кажа Димковски.

    Домаќинките објаснија како се подготвува пита со праз.

    Не е тешко, само треба добра волја. Потребно е брашно, вода, квасец и праз. Празот некој го запржува, а некој само со сол го толчи. Питата ја печам на дрва. Потребен е еден час додека да се подготви.  Некои од домаќинките знаат, а некои не знаат во последно време да подготвуваат пита со праз - објасни Оливера Цветковска, домаќинка од Режановце.

    На „Призијада 2014“ со своите кулинарски вештини се претставија и ученици од Земјоделското училиште „Киро Бурназ“.

    Манифестацијата годинава има ревијален карактер и сите учесници ќе добијат симболични награда.

    Пред присутните настапи културно - уметничко друштво “Панче Пешев“ и учениците од подрачното училиште “Толи Зордумис“ од Режановце.