Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во првиот квартал од 2015 година, јавното претпријатије „Пазаришта“ бележи добивка од околу 1.5 милиони денари.
Во последниoт квартал од 2014 година добивката изнесувала 900.000 денари, а на ниво на 2014 година загубата е 3.6 милиони денари.
Успешно е завршена реорганизација и отстранување на пречки, како дивите пазарџии. По загубите од 2013 и 2014 година, би требало да покаже претпријатието рентабилно работи. Навистина е воведен еден добар пазарен ред. Треба покрај иновации, да се воведат и мерки на штедење - кажа Јовица Станковски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.
Директорот Илир Саити вели дека благодарение на отстранувањето на дивите трговци, кои предаваа пред Зелен пазар се продобрува финансиската состојба во претпријатието, а загубата на годишно ниво е поради новите вработувања.
Она што го најавувавме е направено. Дивите продавачи од цело Куманово сега се внатре. Загубата е поради амортизација и новите вработувања кои се за стариот пазар бувљак и пазарот на големо. Не се согласувам со она што тие го кажуваат. Бројките покажуваат нешто друго. Јавно претпријатије „Пазаришта“ работи со суперпозитива - рече Саити.
Саити најави дека наскоро треба да се отвори цветен пазар, но се разгледуваат неколку локации и неизвесно е дали тој ќе биде кај стадион или Стариот градски парк.