Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Се поплочува тротоарот на улицата „Братсво Единство“ во должина од околу 300 метри, само на една страна на улицата.
Засега се работи на делот од раскрсницата со „Доне Божинов“ до просториите на ЈП „Чистота и зеленило“, додека делот пред градинската „Ангел Шајче“, каде што има најголема потреба за уреден простор ќе чека пролет.
„Го работиме тој дел кај што е и Домот за стари лица, некаде до Чистота и зеленило. Во буџетот за наредната година ќе предвидиме средства во програмата за комунални работи и тротоарите на таа улица ќе бидат направени по цела должина, од двете страни“, објасни Момчило Јовановски, заменик раководител на Сектор за комунални работи.
Поставување на тротоари во овој дел од градот се предвидени и во програмата за тековната година во должина од 635 метри, но без предвидени финасиски средства за тој проект. Моменталната интервенција се спроведува со пари кои секторот ги има на крајот на годината, но нема доволно финансии да го спроведе во целост.
На овој потег најмногу реагираат родителите кои немаат безбеден пат, ниту пристап до градинката која се наоѓа спроти Градскиот стадион.
Улицата „Братство Единство“ беше реконтруирана на крајот на 2022 година и за неа беа потрошени 11.805.310 денари или околу 200.000 евра општински пари.
Со реконструкцијата беше најавено дека ќе се постават два слоја асфалт, едниот од седум сантиметри, вториот од четири, ќе се санираат и нивелираат шахтите, тротоарот ќе биде висок со 18/24 бетон, додека кај градскиот стадион ќе биде уреден паркинг простор.