Се поправа уличното осветлување во Карпош
Граѓаните од населбата Карпош се жалат дека десетина дена немаат улично осветлување и целата населба е во тотален мрак мрак.

Тие се револтирани што уличното советлување со недели никој не го поправа, па тие ноќе мора да се движат по неосветлени улици и покрај тоа што редовно ги подмируваат сметките.
Од јавното претпријатије “Куманово - паркинг“ велат дека работат на отстранување на дефектот.
“Вчера имавме реакции и денеска наши екипи се на терен. Тие работат на санирање на дефектот. Се работело за прегорен осигурувач при што без улично осветлување се останати граѓаните од улица 40 и Никуљски пат. Тоа многу брзо ќе се реши“ - рече Фадиљ Шабани, директор на “Куманово - паркинг“.
Тој вели дека попладне уличното осветлување ќе профункционира во населба Карпош.