Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Секторот за урбанизам во Општина Куманово велат дека екипи работат на поправка на неколку фреквентни улици во градот.
Се работи на улиците „Бранко Радичевиќ„, „Питу Гули„ и улица „400„ во населбата Игор Тричковиќ. Истовремено се поставува атмосферска канализација на улица „Љубица Мијалковиќ„ во населба Гоце Делчев. На улица Ѓуро Пуцар - Стари се работи на ископ, а во селото Горно Којнаре се изведуваат зафати за поставување на фекална канализација.
Штом дождот ќе престане, ќе се крпат дупки на повеќе улици во центарот на градот. Во меѓувреме се гради Градскиот базен и спортската сала кај ОУ “Христијан Карпош“ во населбата Перо Чичо, информираат надлежните.