Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На две фрекфенрни раскрсници во градот наскоро ќе се постават семафори. Избрани се фирмите што ќе ја изведуваат работата и веќе се работи на терен.
На крстосниците на улиците „Гоце Делчев„ и „11 Октомври„ работи фирмата „Електро-софт„ на поставување на столбовите што ќе ја носат светлосната сигнализација. Проектот чини 2,6 милиони денари- вели Лидија Ланг Спасовска раководител на Секторот за урбанизам и комунални дејности.
На втората раскрсницата на булеварот „Октомвриска револуција„ и улицата „Ѓорче Петров„, кај новиот пазар се вршат последните поготовки.
Причина за поставување на светлосната сигнализација е густината и фрекфентност на сообраќајот во тие делови на градот и голем дел на сообраќајки што се случуваат на овие раскрсници- вели Ланг-Спасовска.
Од Општината апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните прописи во однос на паркирањето за да има ефекти од новите семафори.