×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продолжува реконструкцијата на училиштето „11 Октомври“

    25.07.2022 15:14 | Сузана Николиќ

    Продолжува реконструкцијата на зградата на ОУ „11 Октомври“во Куманово, преку проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и реконструкција на основни и средни училишта во Македонија“, кој го спроведува Министерството за образование и наука. 

    Продолжува реконструкцијата на училиштето „11 Октомври“

    Проектот се реализира во три фази. Во првата фаза се изврши реконструкција на внатрешноста на објектот, со втората е опфатено обновување на фасадата, а на крај ќе се реконструира и училишната спортска сала.

    „Во тек се подготовките за работа на фасадата. Прво ќе се постави топлотна и звучна изолација, по што ќе се изработи новата фасада. Нашето училиште ќе добие комплетно реновирана училишна зграда, со што конечно ќе го добие местото коешто го заслужува, ќе се подобрат условите за работа на учениците и на вработените. Ова е прва поголема реконструкција од  изградбата на училиштето во 1964 година“, изјави директорката Елизабета Костиќ.

    Во првата фаза од проектот беа поставени нови прозорци, санитарни јазли и подови. 

    Во Основното училиште „11 Октомври“ настава посетуваат 430 ученици од прво до девето одделение.