Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На најфрекфентните улици во градот се поставуваат уреди за забавување на сообраќајот или т.н. лежечки полицајци.
Досега се поставени на улиците „Народна револуција„,„Братство Единство„,„Бајрам Шабани„,„11 Ноември„,„Никола Тесла„, во населбите „Карпош“,„Ѓорче Петров„,„Тоде Мендол„, и на други локации.Ваквата сигнализација се ставаше на места како што се училиштата, и онаму каде што од Локалната самоуправа и МВР направија проценка дека е неопходно да се постават грбнатините на патот- вели Момчило Јовановски, заменик раководител во Секторот за урбанизам.
Истовремено се работи и на обележување на пешачките премини на улиците „Тоде Думба„,„Моша Пијаде„,„Кирил и Методиј„,„Страшко Симонов„, а се врши замена на вертикална патна сигнализација на местата каде што е оштетена, украдена и каде што е неопходна нивната замена.
Проект чини 2 100 000 денари,а ќе заврши до крајот на неделата.
Од Општината апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и да ја прилагодат брзината кон условите на улиците во централното градско подрачје.