Се пошумува карадачкиот и козјачкиот регион
28.03.2014 15:03
| KumanovoNews
Шумско стопанство подружница Куманово е при крај со пошумување на карадачкиот крај, а во меѓувреме се пошумува и козјачието.

На оголени површини на двете локации ќе бидат засадени 200.000 садници.
Се работи постојано, и освен работните денови и во сабота имаме акција за пошумување. Сите 80 работници на Шумско стопанство се ангажирани. На терен сме сите од работници, до техничари, инженери, магационери и јас како директор. Се пошумуваат опожарени површини и засега работиме со добро темпо - вели Ваит Саити, директор на Шумско стопанство.
Кумановско се пошумува со мешани садници од зимзелени и листопадни дрвца.