×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се повеќе луѓе и миленици каснати од крлежи

    27.06.2013 09:04 | KumanovoNews

     На инфективното одделение во Општа болница Куманово на секои два дена се прима по еден пациент со убод од крлеж, додека во Ветеринарната станица дневно интервенираат и на десетина животни.

    Се повеќе луѓе и миленици каснати од крлежи

    Крлежите најмногу ги има во тревата, па лекарите препорачуваат претпазливост при престој во природа.

    Граѓаните треба да внимаваат кога ќе се вратата од прошетка во природа, прво да ги прегледаат скриените делови, под пазувите, на препоните и нозете да нема некој крлеж кој не е видлив и тешко се вади. Најчесто се јавуваат луѓе кои одат на излет покрај река или чуваат домашни животни. Крлежот се вади на одделението за хирургија, а кај нас примаат антитетанична заштита.- вели Владанка Стефановска, инфектолог.

    Таа објаснува дека 90 отсто од крлежите не се заразни кај нас, и ретко се случува да има некоја посериозна последица по здравјето на каснатите.

    За разлика од луѓето, крлежите многу почесто се лепат на животните. Ветеринарите велат дека во просек дневно примаат по пет - шест домашни миленичиња со убоди од крлежи.

     Има премногу крлежи. Нив ветерот ги носи, тие се закачуваат на тревата и се пренесуваат потоа на животните. Има денови кога донесуваат и до десет миленичиња со крлежи. Обично се тоа кучиња, додека мачките поретко закачуваат крлежи. Откако ќе ги извадиме крлежите, им даваме ампули, средства, ремени за да бегаат крлежите од нив - изјави Димитар Венев, ветеринар.

    Венев вели дека и на село добитокот има крлежи, но сточарите сами ги отстрануваат. Тој им советува на граѓаните да бидат претпазливи бидејќи крлежите можат да предизвикаат тропски заразни болести кои тешко се лекуваат.