×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се предаде возачот што го усмрти пешакот

    27.06.2015 07:42 | KumanovoNews

     Драгољуб Б.(66) од Куманово е пешакот кој синоќа беше прегазен на улицата Гоце Делчев во близина на трговскиот центар Гарнизон.

    Се предаде возачот што го усмрти пешакот

    Во него удрил М.М. (31) од селото Сопот, кој управувал автомобил БМВ со кумановски регистаски таблички.

    Според портпаролката на СВР Кумново Валентина Николовска, несреќата се случила во 21.30 часот додека Драгољуб се обидувал да ја помине улицата. Тогаш од центарот кон периферијата на градот наишол автомобилот и ударил во него. Од силината на ударот несреќниот човек летнал во воздух и паднал на шофершајбната на автомобилот, а потоа се отфрил и завршил на хаубата на друго возило што било паркирано на улицата.  Од задобиените повреди починал на лице место. Возачот побегнал од местото на несреќата. Брзо потоа се пријавил во полициската станица Сопот. Автомобилот е пронајден во неговата куќа.  М.М. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава за тешки дела против безбедноста во сообраќајот со смртни последици. Денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител.