Мени

Се преврте возило на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

02.04.2020 09:34 | KumanovoNews

На магистралниот пат Куманово - Крива Паланка во близина на с. Орах, вчера околу 7 часот, поради снег на коловозот и од невнимание се превртело и слетало од коловозот  патничко моторно возило со скопска регистрација.

Се преврте возило на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Во несреќата е предизвикана е матерјална штета,  а патниците во автомобилот поминале со полесни повреди.

Екипа од ТППЕ Куманово учествувале на вадење на колата од каналот со едно возило и 4 пожарникари.

Од станицата за Итна медицинска помош-Куманово, информираат дека вчера во 15.35 часот, се случила сообраќајна несреќа на автопатот Романовце- Скопје, при што едно лице се здобило со потешки повреди и префрлено е на лекување на Скопските клиники, додека 4 лица се полесно повредени и сместени на хируршкото одделние во Кумановската болница.