Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Не се протестира од страв за граѓаните, се протестира поради профитот кој што се остварува без притоа да се исполнат стандардите на општината на јавниот оглас, а воедно се блокира превозот во општината и се вршат обиди да се манипулираат граѓаните, одговори градоначалникот Максим Димитревски на обвинувањата на превозниците дека не се почитува законот од страна на Општина Куманово, при избор на превозници во јавниот превоз.
„Токму неколку од тие фирми кои го поттикнаа и организираа протестот на име училишен превоз од буџетот во последните петнаесет години имаат инкасирано 912.268.000,00 денари (над 14,8 милиони евра), плус дополнително наплатени билети за јавен превоз на граѓаните а притоа услугите кои ги добивавме за нив најдобро сведочат граѓаните, нередовни линии, стари возила, неистакнат возен ред и.т.н). Бидејќи договорот кој беше склучен во 2016 година пред да бидам избран за градоначалник истече, редно е Куманово да добие јавен превоз како што му доликува на еден модерен и урбан град каков што сакаме да го трансформираме сите“, се вели во писмениот одговор на Димитриевски.