Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Православните верници денеска го слават Свети Архангел Михаил.
Тој е еден од најпочитуваните и најпрославените ангели и бестелесни небесни сили. Самото сместување на празникот во ноември има значење, затоа што после март, ноември претставува деветти месец. Се смета дека во месецот март било создавањето на светот,а деветтиот месец после март е земен заради деветте ангелски чинови, коишто се најпрво создадени.
Во народното верување Архангел Михаил со меч им ги зема душите на луѓето. Според преданието тој стоел на рајските порти и во едната рака држел сабја а во другата терезија. На едната страна од терезијата ги ставал добрите дела, а од другата гревовите. Во зависност од тоа што ќе претежнело кај луѓето, ги праќал во рајот или во пеколот.
Свети Ранѓел е ден на месарите и многу семејства го празнуваат како куќна слава. Празникот го слави и новата црква во населбата Карпош.