×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се укинува забраната во ресторани и кафулиња да седат само по двајца на една маса

    14.07.2020 07:00 | KumanovoNews

     Владата на вчерашната седница донесе одлука да се укинат ограничувањата за седење на две лица на една маса во кафулиња и угостителски објекти, а исто така укината е и мерката за задолжително носење на маска доколку на масата седат четири лица од исто семејство.

    Се укинува забраната во ресторани и кафулиња да седат само по двајца на една маса

    „Владата денеска донесе и измени и дополнувања на протоколите за работа на кафулињата и на угостителските објекти за исхрана со кои се укинуваат ограничувањата за седење на две лица на една маса, како и ограничувањето со кое се определуваше дека на една маса можат да седат четворица само ако се од исто семејство“, пишува во соопштението на Владата.

    Исто така, Владата на на оваа своја седница ја разгледа и усвои информацијата за можноста Македонија да се приклучи кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19, преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини за КОВИД-19.