×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се укинуваат сертификатите за трговските центри и излез од државата, трудниците се враќаат на работа, одлучи Владата

    08.03.2022 22:27 | Сузана Николиќ

    Владата ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб за справување со последиците од ковид-19, кои дојдоа како препораки на Комисијата за заразни болести (КЗБ).

    Се укинуваат сертификатите за трговските центри и излез од државата, трудниците се враќаат на работа, одлучи Владата

    Владата донесе одлука да се укине мерката за задолжително поседување на ковид сертификат за влез во трговски центри/молови, за кои останува како задолжително носењето заштитни маски, додека обврска за задолжително поседување на ковид сертификат останува за влез во угостителските објекти каде што се служи храна/пијалак, кои се во состав на трговски центри/молови.

    Владата го прифати и предлогот траењето на сертификатот за прележана болест од ковид-19, наместо досегашните 45 дена, да трае 180 дена, односно 6 месеци, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест.

    Врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести Владата донесе одлука за укинување на одлуката со која бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место. Со оваа одлука е прифатена и препораката бремените жени да се вакцинираат.

    Исто така, се укинува барањето за задолжителен ковид сертификат за излез од територијата на Република Северна Македонија.