×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се воведува комунален ред во градот

    12.02.2015 16:43 | KumanovoNews

    Чување на добиток и живина во урбани средини, оставање на хаварисани возила и фрлање на отпадоци на јавни места, ќе биде минато во општината Куманово, бидејќи конечно е донесена Одлука за комунален ред во градот.

    Се воведува комунален ред во градот

    Од Секторот за инспекциски надзор, кои се надлежни да ја контролираат примената на најновата одлука, велат дека сите месни заедници се информирани за новините, а за прекршување на комуналниот ред ќе следуваат казни.

    На хаварисаните возила ќе се лепат налепници и ќе им се даде рок на сопствениците да ги отстранат. Ако тоа не го направат ќе бидат депонирани на одредено место за што ќе се плаќа лежарина.Посебен пристап ќе имаме за чување на живина и стока. Комуналната инспекција има надлежност до десет грла, независно дали е живина или говеда, а над десет грла ингеренции има инспекторот за животна средина за што ќе се бараат посебни елаборати за чување. Казните се од 50 до 200 евра, а воедно и прекршочни пријави ќе се поднесуваат“- вели Верче Лазаревска, раководител на сектор за инспекциски надзор во општина Куманово.

     Со Одлуката за комунален ред предвидено е во центарот на градот и  на Градскиот плоштад,  комунални редари да вршат надзор и да ги казнуваат граѓаните кои фрлаат отпадоци. Ќе бидат отстранувани дивите тезги пред дуќаните и ќе се внимава на хигиената во градот.