Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од утре стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување, соопштува Министерството за животна средина и просторно планирање.
Целта на овој Закон е да ги одврати корисниците од употреба на кеси за еднократна употреба и да ја стимулира употребата на торби за повеќекратна употреба.
„Законот предвидува:забрана за употребата на пластични кеси на пазарот во земјава, забрана за пуштање на пластично пакување за еднократна употреба во угостителските објекти на територијата на заштитените подрачја во државата и дозволена употреба на биоразградливи кеси за носење на стоки, кои се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост.Надоместокот за употреба на биоразградливите кеси за носење на стоки ќе изнесува 15 денари за парче“, стои во соопштението.
Производителите на пластични кеси и понатаму можат да продолжат со работа, но со почитување на пропишаниот стандард за биоразградливост.
Напоменуваме дека стандардите за биоразградливост беа воведени уште во претходниот Закон, а пропишани во 2013 година.
Новиот правилник за стандардите за биоразградливост е донесен и се очекува неговото објавување во наредниот број на Службен весник на Република Северна Македонија. До неговото стапување на сила важи постојниот Правилник.