Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во голем пожар вчера изгорел помошен објект полн со огревни дрва и трупци, кој потоа се проширил и ја зафатил околната нискостеблеста шума на површина од три хектари во село Стрезовце.
Како што соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Куманово, пожарот беснеел шест часа.
„Територијалната противпожарна екипа на Општина Старо Нагоричане вчера имала една интервенција во с. Стрезовце во периодот од 15.30 до 21.30 часот на запалено нискостеблеста шума од 3 х и помошен објект полн со огревни дрва и трупци. Во пожарот учествувале ТППЕ-Старо Нагоричане со 2 ПП возила и 4 пожарникара и сопственикот на објектот. Оштетеното лице не сака да бара испекциски назор за увид за настанатата штета“, стои во соопштението на РЦУК.