Се запали плевна во Младо Нагоричане
10.12.2013 09:01
| KumanovoNews
Вчера се запали плевна во селото Младо Нагоричане при што изгореле 1000 бали слама.

Противпожарната единица интервенирала од 11.30 до 14.55 часот со едно возило и двајца пожарникари по што оганот е локализиран. Причините за избувнувањето на пожарот и причинетата материјална штета допрва ќе се утврдуваат.
(фото архива)