×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се запалил оџак па зафатил кров на зграда

    02.12.2019 09:01 | KumanovoNews

    Се запалил оџак во стамбена зграда па пожарот се проширил на кровната конструкција.

    Се запалил оџак па зафатил кров на зграда

    Пожарот избуванал во 1.30 часот по полноќ, на ул. Сава Ковачевиќ, поточно во зградата спроти Ургентниот центар во Куманово.

    Од Противпожарната едниница Куманово информираат дека огнот од оџакот ја зафатил кровната конструкција на зградата. Со брза интервенција на пожарникарите огнот бил ставен под контрола, но едно визило и 7 пожарникари останале на терен до 7 часот утринава за да спречат евентуална нова појава на пожар. Повредени во пожарот нема.

    Причина за пожарот најверојатно е неисчестен оџак. Матерјалната штета допрва ќе се утврдува.

    Пожарникарите интервенирале околу 18 часот на опожарена бандера на „Никуљски пут“  во н. Карпош .