×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се збратимија Старо Нагоричане и Добровник

    03.09.2011 12:29 | KumanovoNews

    Во општината Старо Нагоричане вчера беше потришен меморандум за збратимување со општината Добровник, Р. Словенија. Градоначалниците Миодраг Јовановиќ и Маријан Кардинар се договорија дека ќе соработуваат на полето на економијата, земјоделството и туризмот.

    Се збратимија Старо Нагоричане и Добровник

    Нашите општини се многу слични и поради тоа дојде до ова поврзување. И населението во општината Добровник претежно се занимава со земјоделие, но тие во развојот се многу понапред од нас.Поради тоа ние ќе ги користиме нивните искуства и примери за успешно организирање и искористување на постоечкиот потенцијал. Нашата соработка ќе се однесува во искористување на геотермалните води, заеднички настапи пред европските фондови, помош во развој на земјоделството, развој на туризмот и  размена на искуства во функционирање на општините - вели градоначалникот Јовановиќ.

    Во словенечката делегација допатуваа и советници кои се сретнаа со своите колеги и разговараа за функционирањето на советите. Во дводневната посета гостите од Словенија ги посетија: црквата „Св Ѓорѓи“, бањата Стрновац, фабриките „Стилком“ и „Бонум“, комплексот Етно село и мегалитската опсерваторија Кокино. Тие се пријатно изненадени од туристичкиот потенцијал на општината и веруваат дека со издржани проекти ќе  се допринесе за побрз развој на општината.

    Општината Добровник се наоѓа на границата со Унгарија, има околу 2000 жители, а зафаќа површина од 30 километри квадратни.