×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се зголемува бројот на мешани бракови

    17.05.2013 14:20 | KumanovoNews

    Во последно време се повеќе девојки од Албанија се мажат во Македонија.

    Се зголемува бројот на мешани бракови

    Невестите во потрага по подобар живот, се одлучуваат да живеат во странство, независно што младоженецот е од друга националност и вера.

    Во селата Старо и Младо Нагоричане има петнаесетина жени од Албанија.Не знаеме од која вера се ама добро се вклопија во нашата средина. Многу се вредни и не се жалат што има многу работа во полето и околу добитокот. Најголем проблем и е тоа што не го знаат јазикот, ама се трудат и брзо учат. - вели наш соговорник.

    Социологот Светлана Илиевска Алексовска, смета дека луѓето се почесто приоритет му даваат на семејството и не водат сметка за етничката припадност. Стравот од осуда постои, но не е толку изразен како во минатото.

    Се повеќе млади луѓе ќе стапуваат во брак “без оглед на верата“. Има многу ергени во кумановските села кои се земјоделци, па тие имаат потешкотии да најдат жени. За девојките од рурална Албанија не е проблем да живеат на село, па тие одлучуваат да дојдат во Македонија. Етничките бариери не се несовладливи, а мешаните врски и бракови се вредни, не само за луѓето кои се вклучени туку и во пошироко размери - изјави Илиевска Алексовска.

    Според податоци од Државниот завод за статистика, бројот на македонско - албански бракови се сведува на 1 отсто од вкупниот број на регистрирани бракови во земјава. Се претпоставува дека во Македонија има околу 3 илјади мешани бракови, помеѓу Македонци и жени од Албанија.

    Во Куманово има голем број на бракови меѓу Македонци и Срби.

    Кога се мажев пред 30 години не беше важна националност, сите живеевме во иста држава. Јас сум Македонка, а сопругот е Србин од Куманово. Ние сме слични по култура, навики и не направив голема промена во животот - вели Миланка Стојчиќ.

    Постарите генерации раскажуваат дека порано граѓаните можеле да шетаат низ Југославија и така ги сретнувале своите животни сопатници.

     Сега процедурите се посложени ако сака некој да се ожени со жена од Србија. Тешко е да извади државјанство. Во Куманово се познати само неколку случаи кога жени Македонки се омажиле за Албанци. Моите соседи имаат снаа од Албанија. Дали бракот ќе успее не зависи од националноста, туку од карактерот на луѓето - објаснува Круме Лазаревски од Куманово.