Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Последниве години зголемен е бројот на пензионери, кои членуваат во Здружението на пензионери Куманово.
Во Здружението членуваат 13.040 пензионери, а пред неколку години бројката изнесувала 12.360 пензионери. Од таму објаснуваат дека ова се должи на пензионирање на административците, воени лица и луѓе со бенифициран стаж кои порано одат во пензија.
“Од вкупниот број на пензионери, 12.500 се од Куманово, а останатите се од општините Липково и Старо Нагоричане. Кога поднесуваат документи пензионерите во ПИОМ, ги прашуваат дали сакаат да се зачленат во нашето здружение и дали сакаат да уплаќаат пари во солидарниот фонд. Ретко кој одбива да биде зачленет кај нас, што значи дека пензионерите сакаат да делуваат организирано“-вели Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.
Николовски не може да предвиди дали и во иднина оваа бројка ќе расте, бидејќи како што вели се работи за природен процес.