×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се зголемува бројот на заболени со ковид-19, во Куманово нови 19 случаи

    07.07.2022 15:32 | Жаклина Цветковска

    Од направени 31 тест за ковид-19 во Центарот за јавно здравје Куманово во последните 24 часа, регистрирани се  19 позитивни случаи, што изнесува 61 осто од тестираните.

    Се зголемува бројот на заболени со ковид-19, во Куманово нови 19 случаи

    Процентот се зголемува и на ниво на државата, асогласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.129 тестови, а регистрирани се нови 355 случаи и тоа : Скопје – 156, Охрид – 32, Битола – 29, Кавадарци – 28, Куманово – 19, Велес – 18, Прилеп – 10, Тетово – 9, Струмица и Кочани – по 6, Гостивар – 5, Штип, Гевгелија, Неготино, Радовиш и Валандово – по 4, Струга – 3, Крива Паланка, Делчево, Дебар, Пробиштип, Богданци и Кратово – по 2, Ресен и Свети Николе – по 1.

     

    Од вкупниот број на позитивни (355), регистрирани се 89 реинфекции.

     

    Регистрирани сe 145 оздравени пациенти од: Скопје – 86, Кавадарци – 12, Куманово – 9, Битола, Прилеп, Гостивар и Штип – по 6, Велес – 5, Кичево – 4, Струмица – 2, Тетово, Гевгелија и Неготино – по 1.

     

    Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (75г), починат во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирано е едно починато лице од Струга (78г), починат во домашни услови на ден 30.06.2022.

     

    Досега во земјата се направени вкупно 2.087.721 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 315.402, бројот на оздравени пациенти е 304.599, на починати е 9.329, а бројот на активни случаи изнесува 1.474.

    Во Куманово во моментов има 77 позитивни случаи на ковид-19.