Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од синоќа полека се нормализира водоснабдувањето во Kуманово. До филтер станицата се пуштени дополнители 15 литри во секунда вода, а во текот на денот се очекува дотурот целосно да се нормализира.
Денеска сме во контакт со Водостопанство и ветија дека во текот на денот ќе се нормализира снабдувањето со вода на граѓаните на Општина Куманово. Ние се надеваме дека она што е договорено како начин на плаќање ќе трае во наредниот период се до потпишување на договор, а тоа зависи од донесувањето на тарифник кој ќе го донесе Министерството за животна средина - изјави Виктор Божиновски, директор на ЈП “Водовод“.
Од водостопанство велат дека превзеле се за да се подобри дистрибуцијата на водата до филтер станицата.
Ќе направиме напор дистрибуцијата на водата до филтер станицата да се подобри и граѓаните да имаат вода за празниците- изјави Филип Филиповски директор на водостопанство „Кумановско- липковско поле„.
Водовод се обврзал во наредниот период сукцесивно да исплака поголема сума пари од заостанатиот долг за нормално функционирање на водостопанство.
Дали директорите ќе ги исполнат ветувањата останува да видиме.