Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вечерва од полноќ се зголемуваат цените на сите нафтените деривати, бензините Еуросупер од 95 и 98 октани по 1,5 денари, а дизелот и Екстра лесното масло за горење за половина денар, одлучи Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Поскапувањето е во просек за 1,35 проценти од претходните пресметки од 16 септември.
Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 75,00 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 77,00 (денари/литар)
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 67,50 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 66,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 41,827 (денари/килограм)
Референтните цени намеѓународните берзи бележат зголемување кај сите нафтени деривати, а доларот е поевтин, па според методологијата на РКЕ зголемувањата на цените се за усогласување на националните цени со продажната цена на светскиот пазар.