×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Седми Парламентарни избори

    05.06.2011 07:58 | KumanovoNews

     Во Македонија денеска се одржуваат седмите Парламентарни избори.

    Седми Парламентарни избори

    Според податоците кои ги објави Државната изборна комисија, на предвремените парламентарни избори право на глас ќе имаат вкупно 1.821.122 граѓани во Република Македонија и 7.258 во странство.

    Во Изборната единица бр. 1 во единствениот избирачки список запишани се 302.864, во втората изборна единица - 312.720, во третата - 291.140, во четвртата - 292.596, во петата - 303.686 и во шестата изборна единица се регистрирани 318.116 гласачи.

    Тие своето право глас ќе можат да го дадат за една од 18-те кандидатски листи кои учествуваат на изборите. Гласањето кое ќе се одвива на 2976 избирачки места, ќе почне во 7 часот и ќе трае до  19 часот.

    Изборниот процес ден порано  заврши во дијаспората, а вчера гласаа раселените, болните лица и затворениците.

    Предвремените парламентарни избори ќе ги следат 7.830 набљудувачи.