Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница, на дневен ред се 20 точки.
Зголемување на главнината на ЈП „Куманово гас“, предлог- план за одржување на јавните патишта, како и кварталниот извештај на локалниот буџет се дел од точките по кои ќе се расправа на 52-та седница на Совет на Општина Куманово. Седницата ќе се одржи во кружната сала на Комитет.
Дневен ред
1. Предлог – Одлука за констатирање престанок на мандат на член на Советот на Општина Куманово;
2. Информација за превземени мерки и активности во текот на 2024 година на Полициска станица од општа надлежност Куманово;
3. Годишен извештај на Територијална противпожарна единица Куманово за 2024 година;
4. Програма за работа на ТППЕ Куманово во 2025 година;
5. Извештај за стекнати и распределени средства во 2024 година од ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово;
6. Програма за работа на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Куманово за 2025 година;
7. Извештај за реализирани активности во 2024 година на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР;
8. Предлог - Програма на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР за 2025 година;
9. Предлог – Одлука за усвојување на Интегрален локален развоен план на Општина Куманово за период 2024 – 2027 година;
10. Предлог – Одлука за усвојување на План за управување со поплави во Општина Куманово;
11. Извештај за извршување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово и на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за периодот од 1 јануари 2024 година до 31 декември 2024 година;
12. Предлог – План за одржување на јавните патишта во Општина Куманово за 2025 година;
13. Студија за прогласување на граници на ерозивни подрачја во Општина Куманово со акциски план;
14. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за IV квартал од 2024 година;
15. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово – гас“ Куманово, бр. 09 – 5226/32 од 03 јули 2024 година;
16. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово – гас“ Куманово, бр. 09 – 1417/16 од 29 јануари 2025 година;
17. Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од УЕ. „Центар“, дел од УБ 43-Б, плански опфат помеѓу ул. „Народна Револуција”, ул. „Кирил и Методиј“, ул. „Илинденска“ и паркинг на ул. „Вардарска“ – Општина Куманово;
18. Предлог – Одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација за градежна парцела бр. 26 на КП бр. 23270/12 и КП бр. 23276/2 и за поместување на граница кон соседна градежна парцела бр. 25 на КП бр. 23270/13 со намена А1-домување во куќи КО Куманово – од ДУП за дел од МЗ „Тоде Мендол“ – Општина Куманово;
19. Предлог – Одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација на КП 23857/1, дел од КП 23850, дел од КП 23856, со намена А1-куќи за домување, од ДУП за дел од МЗ „Бајрам Шабани“ и дел од МЗ „Тоде Мендол“ (УЕ-9, 10, 11) - Општина Куманово;
20. Предлог – Одлука за разрешување и именување на членови на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Куманово.