×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Седница на Советот на Општина Куманово, на дневен ред 34 точки

    06.04.2022 09:17 | Сузана Николиќ

    Советот на Општина Куманово, утре со почеток во 12 часот ќе одржи редовна седница. На дневен ред се 34 точки, а советниците ќе расправаат по финансиски и извештаи за работа на јавни претпријатија, годишни сметки, извештај за работа на инспекциските служби и др.

    Седница на Советот на Општина Куманово, на дневен ред 34 точки

    Дневен ред

    1.Информација за анализа на состојбата во јавните претпријатија, јавните установи и основните и средните училишта во Општина Куманово по зголемувањето на цените на енергенсите за греење за периодот декември 2021 – февруари 2022 година во споредба со периодот декември 2020 – февруари 2021 година;

    2. Извештај за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2021 година;

    3. Финансиски извештаи/Годишна сметка на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2021 година;

    4. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.10.2021 – 31.12.2021 година;

    5. Извештај за работа со Годишна сметка на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за 2021 година;

    6. Извештај за деловно-финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период октомври – декември 2021 година;

    7. Годишна сметка и Извештај за работа на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период јануари – декември 2021 година;

    8. Оперативна програма за собирање и транспортирање на комунален отпад на подрачјето општина Куманово во 2022 година;

    9. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на цени на дополнителни услуги кои ги врши Одделението за собирање и транспортирање на отпад при ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;

    10. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за утврдување на цени на гробно место и гробарина;

    11. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за утврдување на цени на влезници за користење на Затворен градски базен во Куманово;

    12. Предлог – Одлука за утврдување на цени на услугите за собирање и транспортирање на комунален отпад во Општина Куманово;

    13. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период октомври – декември 2021 година;

    14. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период јануари – декември 2021 година;

    15. Извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2021 година;

    16. Предлог - Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополна на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;

    17. Предлог - Решение за давање согласност на пречистениот текст на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;

    18. Извештај за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2021 година со финансов извештај;

    19. Годишен извештај за настани и манифестации на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово за 2021 година;

    20. Извештај за реализација на Програма на културни манифестации на Општина Куманово за 2021 година;

    21. Извештај за реализирани активности од Програмата за социјална заштита во Општина Куманово за 2021 година;

    22. Предлог – Одлука за начин на користење на тениски терен „23 -ти Октомври“ Куманово и утврдување на цена на влезници;

    23. Предлог – Одлука за донесување на План за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи на Општина Куманово;

    24. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за именување на членови на Штаб за заштита и спасување во Општина Куманово;

    25. Предлог – Одлука за поставување на должност на командири на просторни единици за заштита и спасување во Општина Куманово;

    26. Информација за работа на Сектор за инспекциски надзор – Инспекторат во Општина Куманово за период јули - декември 2021 година;

    27. Предлог – Одлука за донесување на ДУП за дел од УЕ „Стари Лозја“, дел од УБ 13, плански опфат меѓу пешачка патека, регионален пат Р1204, пешачка патека и ул. „Новопланирана“ – Општина Куманово;

    28. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2022 година;

    29. Предлог - Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Куманово;

    30. Предлог - Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за комунални дејности на Советот на Општина Куманово;

    31. Предлог - Решение за констатирање престанок на мандат и избор на претседател на Комисијата за статут и прописи на Советот на Општина Куманово;

    32. Предлог – Решение за измена на Решението за определување на членови на Советот на Општина Куманово кои ќе учествуваат при склучување на бракови во Општината Куманово;

    33. Предлог - Одлука за именување на членови на Oдборот на Фондацијата за култура и спорт „Куманово” – Куманово;

    34. Предлог - Одлука за именување на членови на Oдборот за надзор на Фондацијата за култура и спорт „Куманово” – Куманово.