×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Седница на ЗЕЛС во Пелинце

    28.05.2010 14:36 | KumanovoNews

    Управниот одбор на ЗЕЛС денеска одржа работен состанок во Спортско-рекреативниот центра „Пелинце„. На седницата се дискутираше за втората фаза од  децентрализација и кои се причините поради кои дел од општините се уште не го заокружиле тој процес.

    Седница на ЗЕЛС во Пелинце

     Од вкупно 85 општини, 11 општини не се влезени во втората фаза. Причините се различни во зависност од региот на кој припаѓаат. Едни од проблемите се блокираните сметки и бројот на вработените во Секторот за финансирање и буџетот и даночните одделенија. Секоја општина треба да има тројца вработени во Секторот за финасирање и двајца за собирање на даноци. Помалите општини немаат потреба, ниту можат да го издржат тој товар. ЗЕЛС ќе се ангажира преку меѓуопштинската соработка на помалите општини да се примат потребните луѓе и да се надмине проблемот- рече претседателот на ЗЕЛС, Коце Трјановски.

     Заедницата на локалните самоуправи има намера да отвори канцеларија во Брисел. Целта е навремено да дејствува во однос на проектите и сретствата кои се наменети за нашиот регион, а истовремено и да се промовира локалната демократија на земјата.

    ЗЕЛС е организација на локалните самоуправи и тоа ќе значи промовирање на децентрализацијата, на локалните и регионалните карактеристики во Брисел, ЕУ и НАТО. Оваа е позитивен чекор, бидејќи водењето на политиката на ниво на Советот на министри и со другите земји кои претендираат да бидат асоцијативни членки- рече потпретседателот на ЗЕЛС, градоначалникот Зоран Дамјановски.

     Седница на Управен одбор на ЗЕЛС за првпат се одржува надвор од Скопје,а  присуствуваа 12 градоначалници. Македонија е поделена во 8 плански региони и овој начин на посети треба да придонесе подобро да се запознаат состојбите во регионите.