Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Интернет порталот Кумановоњус денеска слави седум години постоење и успешна работа.
Со многу труд и работа во изминатите години успејавме да се наметнеме како сериозно информативно гласило не само во општината и регион, туку и на националниот медиумскиот простор.
Со нашето појавување, пред 7 години, како прв информативен Портал предизвикавме пресврт во брзиот и неограничен пристап до информации и комуникации во градот. Со нашата професионалност, брзото и точно информирање, за многу кратко време достигнавме огромна читаност и доверба кај граѓаните.
Нашите информации ги преземаат и останатите локални и национални веб портали и медиуми. Нас не следат генерации од најразлични возрасти и националности, од земјава и странство.
Kumanovonews и во услови на наплив на нови веб страници, пред се национални и локални, сепак се разликува од другите. Ќе продолжиме да бидеме свои и да ја оправдаме вашата доверба и очекување.
Почитувани читатели, постоиме и опстојуваме само заради Вас. Без вашата подршка нашата работа не би имала смисла. Благодариме за довербата со надеж дека и во наредниот период ќе останеме доследни на вашите очекувања!
Kumanovonews