×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Седум неисправни возила за превоз на ученици откриени во Североисточниот регион, 23 во земјата

    04.02.2022 10:12 | Сузана Николиќ

    На територијата на СВР Куманово, поточно на подрачјето на општините Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Ранковце и Кратово, извршена е контрола на 19 возила кои вршат јавен превоз на деца кон училиштата на 16 локации, при што од сообраќај се исклучени 7 возила, поради одредени неправилности.

    Седум неисправни возила за превоз на ученици откриени во Североисточниот регион, 23 во земјата

     На ниво на државата исконтролирани се 328 возила на 104 локации и притоа од сообраќај исклучила 23 возила, поради техничка неисправност и други констатирани недоследности.

    Акцијата е спроведена вчера во периодот од 06.30 до 09.30 часот, врз основа на утврдени приоритети за подобрување на јавната безбедност, како и почитување и доследно спроведување на законите, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, спроведоа заедничка координирана акциска контрола на целата територија на државата, во која учествуваа сите сектори за внатрешни работи.

    Притоа биле исконтролирани 328 возила кои вршат јавен превоз на деца кон училиштата на 104 локации, при што биле констатирани кривични дела и прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за возила, Законот за заштита на населението од заразни болести и сл.

    Од сообраќај биле исклучени 23 возила поради техничка неисправност и други констатирани недоследности. За време на контролата утврдени се 24 кривични дела по член 284-а од Кривичниот законик, во врска со вршење на јавен превоз без соодветна лиценца и 68 прекршоци кои произлегуваат од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за возила, Законот за заштита на населението од заразни болести.

    По документирање на случаите, против сите одговорни лица кои сториле било каков прекршок или кривично дело ќе биде поднесена соодветна прекршочен или кривичен поднесок.