×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Седум новозаболени и 25 оздравени од коронавирус во Куманово

    08.09.2020 13:18 | KumanovoNews

    Во Центарот за јавно здравје во Куманово, во последното деноноќие регистрирани се 7 нови случаи и 24 оздравени од ковид-19.

    Седум новозаболени и 25 оздравени од коронавирус во Куманово

    На ниво на државата откриени се 99 нови случаи на коронавирус, а направени се 1384 тестирања. По градови: Скопје 33, Охрид 14, Куманово 7, Делчево 6, Битола 6, Штип 5, Прилеп 6, Тетово 4, Струга 2 и др.

    Починати се 8 лица, два пациенти од Тетово (60 и 71), Делчево (78), Струга (63), Скопје (59), од Дебар (52) и два пациенти од Охрид (70 и 94).

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 214 оздравени пациенти од: Скопје 48, Куманово 25, Штип 11, Прилеп 9, Тетово 23 и др.

    Досега во земјата се направени вкупно 159.387 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15226,  бројката на оздравени пациенти е 12700, на починати е 631, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1895.