Секција на српски јазик во “Вук Караџиќ“
Во основното училиште “Вук Караџиќ“ 32 ученика ги изучуваат српскиот јазик во секција која за првпат е оформена оваа учебна година.

Тоа се третина од децата на возраст од 6 до 8 одделение што покажува дека има голем интерес за изучување на српскиот јазик. Секој петок тие оддржуваат часови, имаат работилници, подготвуваат драми на српски јазик и прават обиди да пишуваат песни. На приредбата за Свети Сава присутните гости ги пофалија децата дека имаат добар акцент, одлично го зборуваат српскиот јазик иако кратко време го учат - вели Надица Петровска, директор на “Вук Караџиќ“.
Училиштето располага со библиотека на српски јазик, имаат стотина книги донирани од Белград, но користат и онлајн учебници за изучување на српски јазик.