Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Потпретседателката на СДСМ, Радмина Шеќеринска, синоќа на трибина во Центарот за култура во Куманово ја промовираше партиската програма „Да ја вратиме средната класа“ .
Враќање на средната класа, помал персонален данок, закон за стечајци, намалување на казните, враќање на ДДВ, државно-социјална пензија, поголеми работнички права, бенифициран стаж, навремени субвенции и сигурен откуп на земјоделските производи, изградба на патишта и железница, електрани, странски инвестиции, бизнис инкубатори, нови работни места, се дел од економските проекти кои што заменик претседателот на СДСМ, Радмина Шеќеринска, синоќа на трибина ги промовираше пред членовите и симпатизерите на СДСМ во Куманово.
Сево ова ќе биде многу тешко да се спроведе ако не решиме еден многу покрупен проблем, а тоа е невработеноста на младите. Власта мисли дека овој проблем ќе го реши со крадење и мамење. Пред само 10 месеци 19.790 граѓани на Куманово биле пријавени како невработени. Тоа е огромна бројка и тоа објаснува зошто толку многу кумановци заминуваат во Авганистан и го жртвуваат својот живот и своето семејство. Но ако сега ги погледнете бројките во Агенцијата за вработување ќе видите дека само 6.182 граѓани бараат работа. Испаѓа дека во изминативе десетина месеци во Куманово се случило економско чудо и дека се вработиле 13.800 луѓе. Ако погледнете друга бројка колку луѓе потпишале договор на неопределено време, тоа се 700 луѓе, сите останати се резултат на бриши политиката на ВМРО-ДПМНЕ- рече Шекеринска.
Шекеринска смета дека во Македонија се живее со страв, неизвесност и песимизам кој го шири власта.
Политиката на оваа власт имаше само една единствена цел. Сите во оваа држава да бидат сиромашни за да една шака луѓе бидат многу богати. Тое е нивниот криминал, нивната корупција и стравот кој го создаваат. Македонија има најмалата плата во регионот и најниската потрошувачка на граѓаните. Долгот на државата порасна за двапати во изминатите 7 години, а 447 000 луѓе, главно млади со универзитески дипломи ја напуштија државата- додаде Шекеринска.
Таа смета дека во Македонија постои глад за промени и слобода, па ги повика граѓаните да не се плашат од власта, туку да дадат мандат на СДСМ да ја води државата на поразличена начин од другите.
Партиската програма на СДСМ насловена како „Да ја вратиме средната класа“ содржи повеќе од 350 проекти.
На крајот на трибината граѓаните имаа можност да поставуваат прашања.