×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Семинар за посредување при меѓуетнички спорови

    12.07.2013 08:14 | KumanovoNews

     Организацијата на жени “Кумановка“ викендов ќе оддржи семинар по проектот “Релевантни актери во акција за посредување при меѓуетнички спорови во заедницата“.

    Семинар за посредување при меѓуетнички спорови

    Семинарот се организира со поддршка на Екуменска иницијатива на жени од Хрватска.

    На семинарот се поканети да присуствуваат советнички при Советот на Општина Куманово, членови од Комисијата за односи меѓу заедниците (КОМЗ) и членови на Неформалното тело на невладини организации од Општина Куманово. Со овој проект сакаме да ги оспособиме членовите на неформалното тело, членовите на Комисијата за односи меѓу заедниците и советниците да поседуваат вештини за справување со меѓуетнички спорови - изјави Виолета Петровска, претседател на “Кумановка“.

    Учесниците ќе стекнат вештини како практично да делуваат во случај на меѓуетнички спорови, да придонесат за мир и доверба меѓу заедниците.

    Семинарот ќе започне во 10 часот во зградата на поранешен Комитет.