Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Основниот суд Куманово, во рамките на одбележувањето на Европските денови на граѓанска правда што го организираше Министертвото за правда, само шест граѓани побарале бесплатна правна помош.
Граѓаните имаа можност да добијат правна помош и совети од тим на адвокати, судии, нотари, медијатори, извршители и други претставници од Министерството за правда.
Најголем дел од заинтересираните странки кои денеска го посетија нашиот суд, и побараа правна помош се самохрани мајки. Тие се интересираа на кој начин да решат одредени проблеми, и како да ја остварат бесплатната помош. Во судот, покрај стручните лица присуствуваа и ученици од средните училишта од градот кои се запознаа со нашата работа. Со овие средби сакаме да ја зголемиме транспарентноста на судот и да се доближиме до граѓаните "- вели претседателот Сефер Мехмети.
Драган Ѓаковски, адвокат во тимот за бесплатна правна помош, вели дека граѓаните не се докрај запознаени со можноста за остварување на бесплатна правна помош и затоа интересот на граѓаните засега е многу мал, со оглед на големината на Општината.
"Сите кои бараат бесплатна правна помош треба во подрачното единица на Министертвото за правда да поднесат барање и докуметни, по што ќе се утврди дали ги исполнуваат условите. Правото за бесплатна правна помош го утврдува министерот, а се предава на адвокат кој со решение ја застапува странката. Во секој град постои тим за пружање на ваквата помош"- додава Ѓаковски.