Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По компликации од ковид-19 во изминатото деноноќие, во болнички услови починаа 7 пациенти, а од 3.814 тестови регистриран е 301 нов случај на коронавирус, соопшти Министерството за здравство.
Регистрирани се 2 починати лица од Битола (79г и 90г) и по едно починато лице од Скопје (73г), Штип (35г), Охрид (90г), Крива Паланка (91г) и Делчево (64г).
Новозаболени се регистрирани во: Скопје – 147, Прилеп – 21, Кавадарци – 14, Ресен – 13, Охрид – 11, Битола – 10, Делчево и Валандаво – по 9, Штип – 8, Велес и Гевгелија – по 7, Куманово и Струмица – по 6, Кичево – 5, Неготино, Кратово и Богданци – по 4, Крива Паланка , Радовиш и Виница – по 3, Пробиштип и Македонски Брод – по 2, Берово, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани се 192 оздравени пациенти од: Скопје – 119, Битола – 12, Кавадарци – 10, Охрид и Кочани – по 9, Велес и Гевгелија – по 6, Неготино – 5, Куманово и Ресен – по 3, Струга и Демир Хисар – по 2, Тетово, Прилеп , Свети Николе , Кратово, Богданци и Дојран – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.519.050 тестирања на ковид-19.
Вкупно ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата се 221.095, оздравени се 207.755, починаа 7.801, а активни болни се 5.539.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 96907, Активни 2632
Куманово 13051, Активни 155
Тетово 11393, Активни 85.