×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Шест обиди за измама по телефон имало минатиот викенд во Куманово

    15.12.2023 17:38 | Сузана Николиќ

    Во текот на изминатиот викенд, во полицијата била регистрирана 1 пријава за измама во Куманово, 6 пријави за обид за измами, од кои една на подрачјето на Крива Паланка.

    Шест обиди за измама по телефон имало минатиот викенд во Куманово

    „Апелираме до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните лица кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават на бесплатниот телефонски број 192“, велат од Кумановската полиција.

    Измамата минатиот викенд не успеала да ја препознае осумдесет и тригодишна жена, која дала 10.000 евра, откако непознати лица ѝ се јавиле по телефон и ја излажеле дека нејзината ќерка е повредена во сообраќајна несреќа во Србија. Ѝ рекле дека поради тоа што животот ѝ виси на конец таа мора итно да се оперира а нејзиното семејство треба да обезбеди поголема сума пари.

    Избезумената жена прифатила да го даде бараниот износ, па измамникот, кој се претставил како лекар, побарал парите да ги остави пред влезната капија во нејзиниот двор, спакувани во кеса и да се врати во куќата, за да не ги види. Изманиците ги земале парите, а жената ја побарала и се слушнала со нејзината ќерка, по што сфатила дека е измамена и го пријавила случајот во полиција.

    „Сторителите се јавуваат на телефон, при што со лажно прикажување на факти ги доведуваат во заблуда граѓаните дека член од нивното семејство имал сообраќајна незгода и потребна е одредена сума на пари за да се изврши операција“, додаваат од полицијата.

    Граѓани на кои членови на семејството викендов биле мета на измамниците кажуваат дека се работи за група која добро ги знае семејствата, имињата на нивните најблиски и каде се наоѓаат во моментот кога се јавуваат. Тактиката им е откако ќе се јават на жртвата да ја држат со часови на телефонска линија, за да не може да ја провери информацијата додека не ги земе парите. Сумите кои ги бараат се различни, главно почнуваат со поголема сума, од околу 20.000 евра па се погаѓаат и прифаќаат колку ќе им се даде.

    Граѓаните се револтирани поради ваквата состојба, бараат од полиција да дејствува навремено и побрзо да ги пронајде измамниците, бидејќи постојат телефонски број, а во дел од куќите каде влегувале има и видео надзор. Во случаите каде што не успеваат да ги измамат жртвите им предизвуикуваат голем стрес и вознемиреност поради измислените приказни.

    Во кумановско, старите лица се постојана мета на измама и со продажба на огревно дрво, поради што се претпоставува дека се работи за иста група која оперира во регионот.