Шест одобренија за градба во Североисточен регион
10.04.2014 09:14
| KumanovoNews
Во Североисточниот регион во текот на февруари годинава се издадени вкупно 6 одобренија за градба.
Според податоци на Државниот завод за статистика во Куманово, 3 одобренија се издадени на физички лица, во Кратово на едно физичко лице, во Липково 1 одобреније на деловен субјект и во Ранковце 1 одобрение исто на деловен субјект.
Само во Крива Паланка и Старо Нагоричане не се издадени одобренија за градба во истиот период.