Шест улици во Куманово денеска четири часа без струја
13.03.2026 08:23
| KumanovoNews
Потрошувачите од шест улици во Куманово денеска ќе останат без електрична енергија во траење од четири часа.
Според ЕВН, планираниот прекин на електричната енергија ќе трае од 8 до 12 часот и ќе ги опфати улиците: „Прохор Пчински“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Панче Пешев“, „Иво Лола Рибар“ (Скопски дуќани) и „Париска Kомуна“.