Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шестгодишното девојче, кое вчера беше пријавено за исчезнато, само со автобус заминало во Скопје. Таму билo забележанo од случаен минувач, кој пријавил во полиција.
„Девојчето било пронајдено на подрачјето на Гази Баба во Скопје, а по извршен службен разговор било утврдено дека најпрвин влегло во градски автобус кој превезувал патници до центарот на Куманово, а потоа по грешка, наместо во автобус за враќање дома, влегло во автобус кој сообраќал до Скопје, каде била пронајдена од случаен минувач“, соопштуваат од полицијата.
Мајката вчера во 15.00 часот во СВР Куманово, пријавила дека нејзината шестгодишна ќерка се оддалечила од домот, по што започна акција за негово пронаоѓање.
Неофицијално, девојчето од населбата Гоце Делчев дошло со автобус до постојката кај Кумановскиот суд. Тука влеглса во автобус за Скопје, и излегла кај трговскиот центар „Ист Гејт“, каде и била пронајдена.