Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општините Куманово, Крива Паланка, Кратово, Старо Нагоричане, Ранковце и Липково, проблемот со цврстио отпад ќе го решаваат со палење. Во една од општините ќе се изгради специјален објект со печки за палење на сметот, а од негово согорување ќе се добива електрична енергија.
Проектот ќе биде реализиран по чешко искуство, од каде се заинтересирани да инвестираат 150 милиони евра во три региони во државата.
Овој начин на справување со цврс отпад е по ефикасен,а има и доходовна страна. На годишно ниво ќе се уништува 80 илјади тони смет, од што ќе добиваме околу 10 мегават часови електрична енергија. Така ќе ја збогатиме енергетската моќ на овој регион. Уште не сме ја дефинирале локацијата каде ќе се гради објектот, но најверојтно тоа ќе биде во Куманово, затоа што имаме најмногу смет во однос на другите општини, а ќе може печката да се приклучи на гас- вели градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски.
Сметот пред преработката нема да се селектира, туку директно оди во бункерите и се пали, а потоа од него со магнети се вади металот како суровина.Немало еколошки импликации, бидејќи во Прага се наоѓала во центарот на градот.
До крајот на октомври треба да пристигне делегација од Чешка, која ќе потпише договорот за изработка на студијата, која чини околу 250 илјади евра. Половина од сретствата ќе го обезбедат општините од Североисточниот регион, а останате чешкиот партнер.
Новото решение за справување на цврстиот отпад во Свероисточниот регион уследи откако општините со години наназад не можат да се договорат на чија територија да се гради санитарна депонија.